Леванте е „жив“ и сѐ уште може да обезбеди опстанок во Ла Лига, откако на домашен терен ја совлада Севиља со 2-0. Поранешниот тим на Енис Барди се наоѓа на 19-тата позиција со 32 бода, но само два помалку од Севиља која е прва над линијата со 34 бода.
Иван Ромеро беше херој на домашниот тим. Тој го отвори резултатот во 38-та минута, а на крајот и го потврди триумфот во 94-тата минута, на асистенција од Ариага.
До крајот на првенството во Шпанија има уште шест кола и Леванте има полно право да се надева дека може да остане во елитата.

