Најнеобичниот тениски меч се одигра на „Бернабеу“ – играа Синер, Надал, Куртоа и Белингам, а судеше Флорентино Перес (Видео)

Светот на спортот навистина видел сè, но она што се случи во срцето на Мадрид изгледа како сцена од научна фантастика. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ уште еднаш потврди дека не е само фудбалски храм, туку и сцена за најневеројатни спортски спектакли.

Во овој необичен тениски шоу-дуел, од една страна на мрежата се појавија Јаник Синер и Џуд Белингам, додека од другата страна беа Рафаел Надал и Тибо Куртоа. Комбинација која сама по себе звучи неверојатно, а уште поневеројатно изгледала на теренот.

Сепак, најзапаметен момент не беше ниту еден победнички поен, ниту спектакуларен смеч, туку погледот кон судиската столица. Таму седеше човекот со најголем авторитет во клубот, Флорентино Перес, кој, според сценариото, внимателно го следел секој поен и „диригирал“ со атмосферата.

Во еден момент на настанот се приклучила и Ига Швјонтек, а дел од спектаклот биле и шпанските тениски легенди Гарбине Мугуруса и Фелисијано Лопес, кои денес се дел од организацијата на Мастерс турнирот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести