Се огласи Јамал: Боли што нема да можам да помогнам, но со цело срце ќе бидам со соиграчите

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се огласи преку својот инстаграм-профил испраќајќи емотивна порака по повредата и изразувајќи верба дека ќе се врати уште посилен.

Младиот ас синоќа го реши натпреварот против Селта во 32-рото коло од Ла Лига со погодок од пенал за победа од 1-0, но токму при изведувањето на ударот се здоби со повреда на бутниот мускул, поради што сезоната за него во дресот на Барселона е завршена.

И покрај тоа, се очекува Јамал да биде подготвен за настап со репрезентацијата на Шпанија на претстојниот Мундијал, иако неизвесноста околу неговото целосно закрепнување сè уште буди загриженост.

„Оваа повреда ме тргна од теренот токму во моментот кога најмногу сакав да бидам таму и боли повеќе отколку што можам да опишам. Ме боли што не можам да се борам со соиграчите, што не можам да помогнам кога сум најпотребен. Но, верувам во нив и знам дека ќе дадат максимум на секој натпревар“, напиша Јамал.

Тој им се заблагодари и на навивачите за поддршката, нагласувајќи дека ќе биде покрај тимот и покрај тоа што нема да може да игра.

„Ќе бидам тука, дури и ако тоа значи од клупата – ќе ги поддржувам, ќе навивам и ќе ги туркам напред како секој друг играч. Ова не е крај, туку само пауза. Ќе се вратам посилен и помотивиран од кога било, а следната сезона ќе биде уште подобра. Ви благодарам за пораките и напред Барса“, додаде тој.

Барселона, шест кола пред крајот на сезоната во Ла Лига, има предност од девет бода во однос на Реал Мадрид и е на добар пат да ја одбрани титулата, дури и без својот млад талент во завршницата од првенството.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lamineyamal

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести