Мајами и Индијана со цврсти одбрани ќе потсетат на старата добра НБА

Џоел Ембид (НБА, Орландо меџик – Филаделфија 76, 01.00 часот)

Центарот на Филаделфија не играше на првиот меч против Орландо и епилогот беше тежок пораз на 76-те од 112:97 против Меџик.

Кога Ембид не игра, Филаделфија се мачи, бидејќи станува збор за еден од најдобрите центри на денешницата, што има чуден ритам. Игра неколку натпревари, па одмора, а имаше и повреда, но сега е фит.

Ќе биде интересен неговиот дуел со Никола Вучевиќ, кој го надигра на последните два дуели и беше поефикасен од Ембид.

Сепак се работи веројатно и за најдоминантниот центар во НБА лигата во моментов и ќе типуваме дека Џоел ќе постигне некој поен повеќе од просекот од 23.3 поени што го има сезонава.

Предлог тип: >23.5 поени (1.75)

 

Никола Вучевиќ (НБА, Орландо меџик – Филаделфија 76, 01 часот)

Црногорскиот репрезентативец се повреди на дуелот со Торонто на 21. ноември и беше отсутен околу три седмици, но сега е потполно здрав и игра одлично. Тој е еден од најдобрите центри-шутери, а честопати знае да погодува и од зад линијата за три поени. Има одлична техника и ќе му задава многу проблеми во нападот на Ембид.

На последните два меѓусебни дуели со центарот на Филаделфија, Вучевиќ постигна 30 и 28 поени и покажа дека може да се носи со Ембид.

Во редовниот додаток на Sport Life за НБА границата на поени е 17.5, токму колку што е просекот на поени на Вучевиќ сезонава во НБА. Ќе типуваме дека Црногорецот ќе биде ефикасен и ќе постигне над 17 поени.

Предлог тип: >17.5 поени (1.75)

 

Тре Јанг (НБА, Атланта хоукс – Милвоки бакс, 01.30 часот)

Лани Јанг водеше мртва трка што ја загуби во конкуренција со Лука Дончиќ за МВП дебитант во НБА лигата. И сезонава извонредниот бек на Атланта игра одлично, но за жал на негивата екипа нема посебен ефект на резултатите.

Хоукс се во голема криза со 8 порази по ред и со биланс од 6-25 се најслабата екипа во НБА. Мал потстрек им е враќаќето на суспендираниот Зак Колинс, а повторно од Јанг се очекува да биде и ефикасен и да биде лидер за евентуален подвиг против најдобрата екипа засега во Лигата.

Добра вест за Јанг е што одличниот дефанзивец на Милвоки, Ерик Бледсо нема да игра, па очекуваме Тре да биде ефикасен и да постигне над 28 поени.

Предлог тип: > 28.5 поени (1.87) 

 

Јанис Адетокумбо (НБА, Атланта хоукс – Милвоки бакс, 01.30 часот)

Со просек од 30.5 поени Јанис е втор на листата со најдобри поентери во НБА лигата, а и во оваа сезона популарниот Грик-фрик игра прекрасна кошарка.

Ретко кој може да му се спротивстави, а ќе се обиде да го чува Де Андре Хантер, кошаркар кој беше четврти пик на последниот драфт. Јанис е физички доминантен и во однос на Хантер и општо против речиси секој ривал во Лигата и со леснотија постигнува над 25-30 поени по меч.

Ноќеска тој ќе биде главниот адут на Бакс за четврта победа по ред против Хоукс. Има екстра-квалитет и кога игра како што умее е незадржлив. Очекуваме симултанка на Адетокумбо и многу поени од него на дуелот во „Стејт фарм“ арената во Атланта.

Предлог тип: >32.5 поени (1.90)

 

Мајами хит – Индијана пејсерс (НБА, 02.00 часот)

Дербито на Источната конференција секогаш е интересно, а и двете екипи имаат што да се пофалат сезонава. Мајами има фантастичен биланс од 13 победи и само еден пораз на домашен терен, а Индијана забележа шест триумфи на последните 7 меча.

Во добра форма се и Хит и Пејсерс, а во ростерот имаат неколку одлични дефанзивци. Во моментов се чини дека Мајами има подобра предна линија, односно бекови, а Индијана е за нијанса поквалитетна на високите позиции.

Проблем кај гостите е што не играат ланскиот најефикасен нивни кошаркар Виктор Оладипо и најефикасниот сезонава, Мајкл Брогдон. Сепак и без нив Пејсерс добро газат, а ноќеска ќе имаат сериозен испит.

Очекуваме цврст меч и помалку од 212 поени, колку што е границата во додатокот за НБА лигата во Sport Life.

Предлог тип: <211.5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести