Полскиот напаѓач и фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски, беше доста таинствен на директното новинарско прашање дали има намера да ја напушти Каталонија по крајот на оваа сезона.
Како што е познато, на крајот на јуни на Левандовски му истекува договоротсо Барселона, а иако има 37 години, интерес за неговите услуги и понатаму постои.
Како можни дестинации се споменуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.
Запрашан од полски новинари дали ќе се пресели во Италија, Лева беше краток:
„Знаете што? Ќе разговараме наскоро“, мистериозно одговори напаѓачот.
Левандовски оваа сезона постигна 17 гола во сите натпреварувања, од кои 12 во Ла Лига.

