Сончевото дерби на Флорида го засилува ривалитетот на Орландо и Мајами

Орландо меџик – Мајами хит (НБА, 01 часот)

На ред е 125. дерби на Флорида со егзотично име „Саншајн стејт“ дерби. Двете екипи станаа НБА лигаши во финишот на 80-те години од минатиот век, а моментно Мајами има предност со 68 победи и 56 порази.

И ноќеска барем според коефициентите гостинот е фаворит, но во вакви дерби дуели со многу интензитет и интересен ривалитет тешко се прогнозира конечниот исход.

И двете екипи имаат проблеми со повреди на играчите. Џон Ајсак и Мајкл Картер-Вилијамс нема да играат за Меџик, а неизвесен е и настапот на Арон Гордон.

Кај Мајами Џастин Винслоу и Дион Вејтерс се надвор од строј, па некако во тој поглед силите се израмнети. Ривалитетот на двете екипи е интересен и најчесто се игра тврда кошарка.

Очекуваме и ноќеска во „Емвеј центар“ во Орландо да доминираат одбраните и ќе типуваме на минус поени.

Предлог тип: <209.5 поени (1.65)

 

Демиен Лилард (НБА, Вашингтон визардс – Портланд трејлблејзерс, 01 часот)

Лилард моментно е седмиот најефикасен кошаркар во НБА лигата со просек од 26.7 поени, но одигра лошо на последниот меч со Њујорк никс. Постигна 11 поени, па сега ќе има шанса против драстично ослабениот Вашингтон да си го поправи просекот.

Против Визардс Лилард секогаш игра одлично, а потврда за тоа е што на последните пет дуели со тимот од главниот град на САД секогаш ја минуваше границата од 26.5 поени, колку што e во денешниот додаток на Sport Life за НБА лигата.

Патем Портланд нанижа пет порази по ред и сега има златна шанса да ја прекине црната серија. Кај домаќините нема да играат четворица многу значајни кошаркари. Џон Вол оддамна е повреден, а нема да настапат и Брајант, Хачимура и Бертанс. Неизвесен е и настапот на Бредли Бил, па Вашингтон ќе мора да игра со резерви, што е шанса и за Лилард и за Портланд да слават победа и да ја прекинат низата од пет порази.

Предлог тип: >26.5 поени (1.87)

 

Си-џеј МекКалум (НБА, Вашингтон визардс – Портланд трејлблејзерс, 01 часот)

Плејмејкерот на Портланд има Ол-стар квалитет и игра солидно во последно време, но неговите игри не му помогнаа многу на тимот, кој има серија од пет несупеси.

Мек Калум е одличен бек, еден од најдобрите „кецови“ во НБА и според просекот од 22.2 поени е во Топ-20 на листата со најдобри стрелци во најсилната баскет лига.

Ноќеска ќе има послеаб ривал спроти себе, бидејќи Вашингтон ќе игра без целата стартна петорка, па очекуваме тој и Лилард со ефикасна игра да го водат Портланд до победа.

Предлог тип: >21.5 поени (1.87)

 

Хјустон рокитс – Филаделфија 76 (НБА, 01 часот)

Хјустон игра по принципот „топло-ладно“ и во последно време по секоја победа, имаше и пораз на следниот меч. Моментно се на четвртата позиција во Западната конференција, последна што носи предност да се игра дома во плејоф-серија, но опасно се закануват и Далас и Јута.

Харден и Вестбрук како тандем функционираат одлично, нешто што во последно време не важи за Симонс и Ембид кај Филаделфија.

Гостите се во криза со три порази по ред, а веќе почнаа и кавгите во петорката што многумина ја сметаат за една од најдобрите во НБА сезонава.

Ал Хорфорд се пожали дека не го користат доволно во нападот, а Џош Ричардсон се пожали дека атмосферата е лоша во тимот.

Тренерот Брет Браун е на отстрел и можно е и да дибие отказ, ако продолжи серијата неуспеси на тимот од кој се очекуваше битка за самиот врв во Источната конференција, па и атак на титулата. Филаделфија е петта моментно во својата конференција, а лошата атмосфера ќе ја искористи Хјустон за 24. победа сезонава.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

Далас старс – Детроит редвингс (НХЛ, 02.30 часот)

Далас повторно реди победи и по слабиот старт на сезоната дотурка до четвртото место во Западната конференција и ако го победи лошиот Детроит ќе ги стаса и Колорадо и Вегас.

Старс имаат одлилно избалансиран тим што се уште го предводи Џо Павелски, заедно со капитенот Џејми Бен, Тајлер Сегин, Александер Радулов…. Имаат потенцијал и квалитет за високи дострели, а со игрите во последно време потврдуваат и дека се кандидати за плејоф, па и за титулата во НХЛ.

Детроит е последен во Лигата со убедливо најслаб ефект. Имаат само 23 бода и уште една лоша сезона.

Далас е во топ-форма и има одличен биланс на домашен тере против Детроит, па че типуваме дека и четвртипат по ред ќе ги победат „црвените крилја“ во „Америкен ерлајнс арена“ во Далас.

Предлог тип: 1 (1.75) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести