Пред неполни две години, Баерн Минхен му плати 60 милиони евра на Кристал палас за да го добие потписот на Мајкл Олисе. Францускиот репрезентативец брзо се вклопи во тимот на германскиот првак, а сезонава со своите игри се профилира како еден од најдобрите играчи.
Олисе сезонава во 28 меча во германското првенство постигна 12 гола, а има и пет асистенции. Вкупно во дресот на Баерн одигра точно 100 натпревари, во кои даде 38 погодоци, што е одличен скор за еден крилен напаѓач.
Добрите игри на Олисе не останаа незабележани и од останатите европски гиганти. Реал Мадрид на „своја кожа“ ги почувствува силата и квалитетот на Олисе во двата меча од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Од игрите на Олисе воодушевен бил и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кој го пикирал Олисе.
Французинот има активен договор со Баерн Минхен до јуни 2029 година, но најавите се дека Реал е подготвен да плати огромни 175 милиони евра за да ги добие услугите на Олисе.
: Real Madrid have already started preparations to submit a €175M bid for Michael Olise this summer.
Florentino Pérez is determined to bring the French forward to the Bernabéu! pic.twitter.com/H7NNP9sycw
— The Touchline | (@TouchlineX) April 24, 2026

