Бајката на шпанската пепелашка ќе заврши на „Месталја“

Валенсија – Еибар (Ла Лига, 13 часот)

На маката се познаваат јунаците, а фудбалерите на Валенсија треба уште еднаш сезонава да одиграат јуначки против за нив незгодниот Еибар.

Малиот клуб од Баскија игра фантастично во последно време против популарните „лилјаци“ и има скор од четири победи и две нерешени, а е без пораз од 2016 година.

На „Месталја“ Енрих, Орелјана и останатите играчи на Еибар изненадија и лани со победа од 1:0, а ја декласираа Валенсија со 4:0 и во 2017 година.

Сепак, Валенсија има подобар состав, иако денеска ќе мора да игра без Родриго, потоа и голманот Силесен, а отсутни ќе бидат и Пичини и Гуедеш. Лилјаците сезонава неколкупати во критични моменти за нив успеваа да излезат како победници, па ќе типуваме дека бајката на Еибар денеска ќе заврши на „Месталја“.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

Хетафе – Реал Мадрид (Ла Лига, 16 часот)

Уште една шпанска бајка во последните неколку сезони е тимот на Хетафе. Лани за малку не успеаја да се изборат за настап во Лигата на шампионите, но не се разочараа, па и сезонава играат одлично.

Моментно се на шестото место и ќе биде интересно да се види како ќе одиграат против градскиот ривал, против кого немаат многу успеси.

Лани, Хетафе со реми без голови успеа да прекине една долга и црна серија од 10 порази против Реал Мадрид. И сезонава се незгодни за сите ривали во Шпанија, а добро газат и во Европа Лигата.

Реал секако е фаворит против „помалиот брат“ од Мадрид, но ги очекува тежок меч. Ќе типуваме дека ќе се игра цврсто, со малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.95)

 

Атлетико Мадрид – Леванте (Ла Лига, 18.30 часот)

Гостувањата на Леванте на „Ванда Метрополитано“ и претходно на „Висенте Калдерон“ не се баш за фалење, а серијата од 10 порази по ред се уште е важечка.

Енис Барди и соиграчите ќе имаат посебни мотиви, конечно да прекинат една многу долга серија неуспеси на гостувањата кај Чоло Симеоне и неговите избраници.

Леванте имаше одличен финиш на 2019 година, со две победи во Ла Лига и една во шпанскиот куп. Се надеваат дека ќе можат да продолжат со добрите настапи и во првиот меч во 2020 година, но Атлетико е фаворит и ќе типуваме дека ќе победи со голови на двете страни.

Предлог тип: 1&ГГ (3.25)

 

Еспањол – Барселона (Ла Лига, 21 часот)

Веќе почнаа препукувањата меѓу градските ривали од Барселона, а се се должи на ланската провокација на Пике, кој го нарече Еспањол мал клуб. Тогаш возвратија од Еспањол со видеоматеријал, со алузија дека клубот со 119-годишна традиција има со што да се пофали.

Ривалитетот досега не беше преголем, но во последно време се разгоре и битката на социјалните мрежи и преку медиумите, па нѐ очекува интересно дерби.

Еспањол има многу мака во дуелите со Барселона и нема победа на последните 20 меѓусебни натпревари.

Последен пат го совладаа гигантот во јануари 2007 година и сега се надеваат на подвиг во истиот месец кога пред 13 години успеаја да ја надиграат Барселона.

Сепак, домаќинот е во лоша форма и има осум меча по ред без победа во Ла Лига, а и реално има многу послаб состав од Барселона.

Предлог тип: 2 (1.48)

 

Гимараеш – Бенфика (Португалија, 21.30 часот)

Гимараеш ќе се обиде да го изненади лидерот во Португалија, но традицијата вели дека тоа речиси е невозможно. Бенфика го гази денешниот ривал во мечеви од популарната Примиера во последните десеттина години и има серија од 15 меча без пораз.

Популарните „орли“ и сезонава се главни кандидати за титулата, но и Гимараеш игра многу солидно. Во меч од Лига купот на Португалија во септември лани ремизираа со Бенфика без голови и ја исфрлија од битката за трофејот.

Сега се надеваат на нов подвиг, а за петполасираната екипа во португалското првенство и реми би бил успех. Имаат многу незгодна контра на која ќе мора да внимаваат гостите од Лисабон, но сепак Бенфика според сите фудбалски критериуми е подобра од Гимараеш и ќе типуваме дека ќе слави во меч со малку голови.

Предлог тип: 2&0-4 гола (2.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести