Баерн е моќен за Бундеслигата, Горецка ја изгоре Борусија Менхенгладбах (Видео)

Баерн Минхен е на два чекори до нова титула, а денеска мина тешка пречка кон пехарот во Бундеслигата. Леон Горецка е јунакот на Баварците, а со неговиот гол во 86. минута победена е Борусија Менхенгладбах со 2:1.

Шампионот имаше и вистински пдоарок од гостинскиот голман Јан Сомер, кој направи голема грешка во 26. минута и му ја подари топката на тинејџерот Џошуа Зиркзе, а овој погоди на празна мрежа.

https://twitter.com/JohnBGameHype/status/1271849118814687234?s=20

Бењамин Павар се реваншираше со автогол за израмнување во 37. минута, откако претходно на гостите при резултат 0:0 и  беше поништен гол со помош и на ВАР системот.

https://twitter.com/AntoekMedia/status/1271853753524785158?s=20

Горецка беше најприсебен во финишот за триумф на Баерн, единствената екипа која има максимални шест победи, откако Бундеслигата се рестартираше на 16. мај.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1271869685743534085?s=20

- Оглас -

Најнови вести