Јаник Синер во Мадрид може да дојде до подвиг кој не им успеа на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Фантастичниот Јаник Синер, моментално прв тенисер во светот, може да стане и единствен во историјата кој врзал пет освоени Мастерс 1000 турнири.

Доколку се смета и завршниот Мастерс во Торино, тогаш бројката може да достигне шест освоени Мастерс турнири ако триумфира и на претстојниот турнир во Мадрид.

Синер минатата година го освои Мастерсот во Париз, а оваа година триумфираше на сите досегашни Мастерс турнири – Индијан Велс, Мајами и Монте Карло.

Со тоа се израмни со Новак Ѓоковиќ, кој досега беше единствениот тенисер во историјата со четири врзани Мастерс титули. Сега Синер го достигна и има шанса да постави рекорд што не им успеал ниту на Ѓоковиќ, ниту на Федерер, ниту на Надал.

Синер ќе има и полесна задача од кога било. На Мастерсот во Мадрид нема да настапи неговиот најголем ривал Карлос Алкарас, а ќе отсуствува и повредениот Ѓоковиќ.

Јасно е дека малкумина можат да му парираат на Синер кога е во форма, па вистинска сензација би било доколку не го освои петтиот Мастерс по ред, односно шестиот ако се смета и завршниот турнир во Торино од минатата година.

Квалификациите започнуваат утре, а Мастерсот во Мадрид ќе се игра до 3 мај, кога е закажано финалето.

- Оглас -

Најнови вести