Лампард го најде вистинскиот џокер за победа против Астон Вила (Видео)

Френк Лампард го пронајде вистинскиот џокер на клупата на Челзи и направи идеална замена во 55. минута, а Кристијан Пулишиќ му возврати со гол и асистенција до Оливие Жиру за првесврт и победа против Астон Вила.

Американскиот репрезентативец во период од нешто повеќе од 400 секунди израмни на 1:1, а потоа со прецизно додавање му помогна на Жиру да постигне голе за победа од 2:1

Астон Вила поведе со голот првенец на Кортни Хаус во 43. минута, но немаше рецепт да ја задржи предноста против фаворитот.

https://twitter.com/KumasiBlogger/status/1274738133276471308?s=20

Пулишиќ го постигна шестиот гол за Челзи во Премиер лигата со прецизен удар во 60. минута и најави пресврт.

https://twitter.com/vjay_akh/status/1274743701793841154?s=20

Само две минути подоцна репрезентативецот на САД му асистираше на Оливие Жиру за победа од 2:1

Челзи со 15-та победа во англиското првенство остана на четвртата позиција со 51 бод, но сега има пет бода предност во однос на Манчестер јунајтед и Вулверхемптон, кои му се најсериозни конкуренти за последното место што води во Лигата на шампионите.

Астон Вила е претпоследна по 30. коло со 26 бода.

- Оглас -

Најнови вести