Пандев и Џенова можат и сами до опстанок, ако зашкрипи, ќе помага Несторовски

Лацио – Бреша (Серија А, Италија, 19.30 часот)

Бреша веќе се прости од Серија А и се сели во понизок ранг на натпревари, а Лацио може да го освои второто место ако ги добие последните два меча и останатите резултати му одат во прилог.

Домаќините имаат и посебен мотив да му помогнат на Чиро Имобиле што повеќе да ја тресе мрежата на Бреша за да ја освои Златната копачка.

Моментно напаѓачот на Лацио има 34 гола, колку и Роберт Левандовски, но конкурентот од Бундеслигата одамна ги заврши натпреварите во германското првенство.

Очекуваме целата машинерија на домашниот тим да му биде на располагање на Имобиле, што ветува ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.67)

 

Удинезе – Лече (Серија А, Италија, 19.30 часот)

Илија Несторовски чека шанса да биде стартер против Лече во мечот што не му значи многу на Удинезе. Ако игра нашиот репрезентативец, ќе има посебен мотив, со победа да му помогне на Горан Пандев да продолжи со настапите во Серија А.

Лече не смее да загуби бидејќи во таков случај ќе испадне од лигата, но барем според квалитетот на екипите, е послаб од Удинезе.

Гостите се рекордери во Калчото со 80 примени голови и слабата одбрана е еден од главните фактори за незавидната ситуација во која се наоѓаат.

Удинезе тешко дава голови иако има добри напаѓачи, но денеска очекуваме да бидат ефикасни. И Лече нема што да брани, мора со сите сили во напад, што ветува ефикасен меч на „Дачија арената“.

Предлог тип: 3+ (1.61)

 

Сасуоло – Џенова (Серија А, Италија, 19.30 часот)

Џенова може да избори опстанок дури и со пораз, ако Лече не победи во Удине. Горан Пандев и соиграчите чекаат и помош од Несторовски и Зебрите, но најдобро ќе биде самите да си ја завршат работата.

Имаат 4 бода повеќе од единствениот конкурент за опстанок, Лече, но и голема предност што се подобри во меѓусебните дуели. Тоа би значело дека и да загубат од одличниот тим на Сасуоло, а Лече да не победи во Удине, ќе играат во Серија А и следната сезона.

Сасуоло игра импресивно по рестартот на сезоната, но мотивите на Џенова се многу поголеми и ќе типуваме дека гостите нема да загубат.

Предлог тип: Х2 (1.59)

 

Сампдорија – Милан (Серија А, Италија, 19.30 часот)

Сампдорија навреме се разбуди и со три победи по ред го обезбеди опстанокот, но потоа двапати беше поразена. Немаат посебен мотив за игра, ниту императив, но дуелите против Милан секогаш се предизвик во Италија.

Гостите со триумф ќе си обезбедат настап во Лигата на Европа. Росонерите се најдобриот тим во Италија по рестартот на сезоната и ќе се обидат да ја продолжат импресивната серија од 11 меча без пораз по камбекот на терените во Калчото.

Милан нема победа на „Луиџи Ферарис“ од 2016 година, но сега е во топ-форма и е фаворит. Двојката е реална, но за посигурно ќе типуваме дека и двете екипи ќе постигнат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Торино – Рома (Серија А, Италија, 21.45 часот)

Торино и Рома ќе играат ревијален меч, по кој нема ништо драстично да се смени во пласманот на двете екипи. Биковите одиграа слаба сезона и во финишот си го осигурија опстанокот, што е лош резултат за нив. Имаат квалитетна екипа што не го испорача посакуваниот и очекуван ефект.

Рома ќе биде петта ако победи вечерва против Торино и ќе игра во фазата по групи во Лигата на Европа. Волчицата потоа ја чека дербито без значење против Јувентус и во август продолжува со осминафиналниот дуел во истото натпреварување против Севилја во Дуисбург.

Двете екипи знаат да бидат ефикасни и нападот им е подобрата страна, па очекуваме да има многу голови на „Олимпискиот стадион“ во Торино.

Предлог тип: 2-3I&2-3II (5.60)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Сампдорија – Милан Т2 3+ (2.95)

Брентфорд – Свонси 1&2-5 (2.25)

Торино – Рома 2&0-29 минута (2.90)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести