Два меча на кои домашните екипи се во улога на фаворити се дел од денешната поуда во Првата фудбалска лига на Македонија. Покрај Охридското Езеро, екипата на Струга ТЛ ќе го пречека Силекс во дуелот меѓу третиот и четвртиот на табелата.
Струга ТЛ има седум бода повеќе од Силекс, но кратовци имаат четири победи по ред и сигурно ќе сакаат да ја продолжат победничката низа. Ако тоа се случи, Силекс ќе се доближи само на четири бода до Струга. Од друга страна, Струга со три бода веќе ќе има обезбедено трето место на табелата.
Интересна е традицијата која вели дека на пет од последните шест дуели на овие два ривали имало четири или повеќе погодоци.
Во Тетово, Шкендија е домаќин на Башкими. Актуелниот првак сега заостанува четири бода зад лидерот Вардар и сигурно ќе брка победа. Башкими е на седмото место со 37 бода и е на последната сигурна позиција.
Шкендија ги добила последните пет меча против Башкими и во просек имало над четири гола, што може да е најава за дуел со повеќе погодоци, а тетовци секако се во улога на фаворити.

