Победа му треба на единствениот тим кој нема триумф во 2026 година во Шпанија

1154 Манчестер ј. – Брентфорд (21 ч.)

Манчестер јунајтед е многу блиску да биде дел од Лигата на шампионите за следна сезона, но на Црвените ѓаволи сигурно им е важно да бидат и трети на табелата пред Ливерпул и Астон вила. Одличен е билансот со 10 победи, три ремија и само три порази на Манчестер сезонава на „Олд Трафорд“.

Брентфорд е деветти на табелата, а делува неверојатно дека последните шест меча на овој тим завршиле нерешено. На последните пет меча на овие два тима секогаш било гол-гол ситуација, а четирипати имало три или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.18)

 

3610 Лацио – Удинезе (20:45 ч.)

Лацио ја има една од најцврстите одбрани и во 33 меча прими само 30 гола. Удинезе знае да изненади на гости, а во последните четири меча со ривалот од Рим има две победи и две ремија. На последните пет дуели на овие екипи на крајот имало меѓу два и три погодоци.

Ако се погледнат последните девет пресметки на овие два тима, дури шестпати имало максимум два погодока.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.13)

 

1365 Еспањол – Леванте (21 ч.)

Еспањол одигра 15 меча во шпанското првенство во 2026 година и нема ниту една победа. Само пет ремија и дури 10 порази е билансот на каталонскиот тим. Од друга страна, Леванте во последните седум кола има четири победи, две ремија и само еден пораз, па се врати вербата дека може да се спаси од испаѓање, но останува на претпоследното место на табелата, со три бода помалку од Мајкорка, која е во сигурната зона.

Еспањол има три победи во последните четири меча во дуелите со Леванте, а на последните шест меѓусебни средби секогаш било гол-гол варијанта.

Предлог тип: 1 (2.08)

 

2838 Копенхаген – Вејле (19 ч.)

Делува нереално, но Копенхаген е во делот каде што се екипите што играат да не испаднат од данското првенство. Со 41 бод, Копенхаген е повеќе од сигурен, а Вејле е последен на табелата само со 18 бода. Јасно е дека домашниот тим е голем фаворит за победа, а тоа го вели и традицијата.

Копенхаген има 16 победи во последните 19 средби со овој ривал, а би било чудо и сега да не биде така.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.03)

 

1958 Коњаспор – Трабзонспор (19 ч.)

Дуел на две екипи кои се во одлична форма. Коњаспор нареди шест победи и две ремија во последните осум меча, а Трабзонспор е со 13 победи во последните 19 средби во кои има само еден пораз.

Коњаспор е на комотното девето место на табелата, додека за Трабзонспор ова е многу поважен дуел. Со евентуалена победа, Трабзонспор ќе се искачи на второто место на табелата пред Фенербахче и ќе биде на позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Трабзонспор победи на четири од последните пет меча против Коњаспор, а на 10 од последните 11 меѓусебни дуели двете екипи постигнувале погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

- Оглас -

Најнови вести