Учеше од аргентинскиот мајстор за голови, сега е топ-стрелец на Баер (Видео)

Лукас Аларио беше расположен за голови и со неговите два прецизни удари му помогна на Баер Леверкузен да го победи Аугсбург со 3:1 во последниот меч од петтото коло во Бундеслигата.

Аргентинецот погоди од пенал во 16-тата минута, а потоа беше прецизен и во 74-тата минута. Некогашниот наследник на Фернандо Кавенаги во Ривер плејт во континуитет игра одлично за Баер и е меѓу најдобрите стрелци на тимот.

Даниел Калиџури го постигна единствениот гол за Аугсбург во 51-вата минута, но тоа не беше доволно за изненадување бидејќи во финишот Дијаби ја потврди победата на Баер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести