Шампионот за октомври: Супер е новитетот на Sport Life, Типстер купот е поинтересен со парична награда од 100.000 денари

Борислав Пановски со 115.255,9 поени е шампион во Типстер купот во октомври, во првата од осумте месечни етапи што се во тек. Октомври беше во знакот на обложувачот од Нов Дојран, кој прв мина низ целта и си доби прекрасна премија од 100.000 денари.

„Среќен сум што успеав да минам прв низ целта. Прво сакам да се заблагодарам за наградата и да ја пофалам идеата за парични награди за најдобрите во Типстер купот. Сега конкуренцијата е посилна, а јас имав и среќа во октомври и ги фатив на спиење ривалите“, вели 60-годишниот Борислав од Нов Дојран.

ЛЕГИЈА ГО ОСТАВИ БЕЗ ДОБИВКА ОД 20.000 ЕВРА НА ОТВАРАЊЕТО НА ОБЈЕКОТ НА SPORT LIFE ВО НОВ ДОЈРАН

Има интересна приказна и првиот ден на отварањето на објекот на Sport Life во Нов Дојран промашил само еден пар за 20.000 евра.

„Пред 7-8 години првиот ден кога се отвори уплатното место на Sport Life во Нов Дојран ја промашив само Легија за голема добивка од 20 илјади евра. Секогаш играм 5-6 двојки со знак Т1 2+ прво полувреме и тогаш Легија за жал ми го „бутна“ тикетот. Губеа 0:2 на полувреме, а потоа израмнија на 2:2, но за мене беше доцна, бидејќи полскиот гигант ги даде головите во второто полувреме. Сепак не се откажав и постојано секојдневно ја играм истата игра. Има големи коефициенти и за мал влог може да се оствари супер добивка“, додава Пановски.

Сега речиси една деценија подоцна сепак наградата за упорноста стаса и Пановски е првиот шампион во Типстер купот во новата сезона. Наградата е одлична и изнесува 100.000 денари.

„Ова ми е најголемата награда досега. Обично сум имал добивки до 20.000 – 30.000 денари, а сега стасав и до стотка со првото место во Типстер купот во октомври. Очекувам со новитетот и паричните награди и конкуренцијата да се зголеми. Тоа е веќе забележливо во ноември и сега потешко ќе биде да се биде шампион. Интересни ми се ваквите игри како што е Типстер купот. Има стратегија, а се натпреваруваш со невидлив противник. Јас редовно играм и секој ден уплаќам најмалку по 12 тикети. Стандард ми е еден тикет со 50 натпревари и уште еден со играта Т1 2+ прво полувреме. Се може да сменам, ама тие два тикети кај мене се како добро утро“, раскажува првиот шампион во новата сезона.

НЕМА ФАВОРИТ ЛИГА, ВАЖНО Е САМО ДА ИМА ГОЛОВИ

Борислав нема некоја посебна лига што му е фаворит, а во стил на искусен обложувач вели дека нема лоша лига за добар прогнозер.

„Го вртам цел свет. Знам да одиграм и меч од Бахреин, Јапонија, Саудиска Арабија… Правило што го почитувам е да се најдат ефикасни екипи. Такви има во сите лиги на планетата, па се обидувам само да ги вклопам на добитен тикет. Сега во услови на пандемија со Ковид-19 екипите оддеднаш почнаа да даваат многу голови, што може да се искористи за добри добивки во Sport Life. Овој тип на обложување е поразличен од поранешната Спортска прогноза. Јас играм веќе половина век игри на среќа, а на Спортска прогноза во поранешна Југославија никогаш не сум остварил добивка. Бев блиску во едно коло кога погодив 11 парови, а немаше добитник со погодени 13 двојки. Сега некако е полесно, изборот е твој и има многу широк спектар на игри“, додава Борислав од Нов Дојран.

Навива за Интер, најмногу поради големиот ас Роналдо Назарио де Лима, а доаѓањето на Горан Пандев само ги зацврсти симпатиите кон гигантот од Милано.

„Тука сме блиску, Нов Дојран и Струмица, па Пандев си го сметам за сосед. Се радував кога ја освои тројната круна во 2010 година и особено сега кога со гол ја однесе Македонија на Европско првенство. Сепак малку порано почнав да навивам за Интер. најмногу поради еден од најдобрите играчи на сите времиња, Бразилецот Роналдо. Но, некако во последно време Јувентус апсолутно доминира во Италија. Оваа сезона Интер има одличен тим, се надевам дека ќе успее да го освои Скудетото, ама сепак Јувентус пак е фаворит. Тие се неприкосновени на Чизмата“, го заврши разговорот со Спорт Манија, човекот што шампионски ја отвори новата сезона во Типстер купот со 8 етапи.

Првата етапа беше возбудлива, а разликата меѓу тројцата првопласирани беше мала. Сите имаа над 100.000 поени со тикетите одиграни во октомври.

Вицешампион беше Мартин М. со 110.491,4 поени и Sport Life веќе го награди со 50.000 денари, а третото место му припадна на Петар Г. со 104.088,6 поени и парична награда од 20.000 денари.

Во тек е веќе и втората етапа во Типстер купот и како што вели првиот шампион за оваа сезона, Борислав Пановски, вклучете се во играта што е интересна со многу стратегија и одлична конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести