Фатете го последниот термин за Спортска прогноза, може да ви донесе „ајфон 11“

Денеска до 13.30 часот е последниот термин за да се одигра популарната „Тринаесетка“ во 23. коло на Спортска прогноза и шансата не се пропушта, бидејќи може да ви донесе прекрасна награда, мобилен телефон „ајфон11“.

Вистински предизвик за учесниците во нашата бесплатна игра е да се погоди максимален број на натпревари, а има неколку значајни дерби-натпревари што ќе ја кројат табелата во најсилните европски првенства.

Стартот е со англискота пресметка меѓу Лестер и Ливерпул, што ќе се игра денеска од 13.30 часот и до тој термин можете да се вклучите со вашите прогнози.

Во фокусот ќе бидат и двата италијански дуели, во Неапол меѓу Наполи и Јувентус и во Милано, каде Интер ќе му биде домаќин на Лацио. Победа во овие натпревари значат многу во битката за Скудетото, па бодовите се од исклучителна важност.

За нас интересен ќе биде новиот меч меѓу Арсенал и Лидс, најмногу поради Езџан Алиоски. Нашиот репрезентативец повторно ќе има дуели со Николас Пепе, играч кој беше исклучен на претходниот меч меѓу овие две екипи, откако го удри со глава токму Алиоски.

Сите 13 натпревари, плус и двата резервни пара во ова коло се од Топ-5 лигите во Европа, па задачата да се погоди Тринаесетка ќе биде полесна.

Sport Life ги наградува и утките, затоа и играта е интересна, а само со еден промашен пар ви следува ваучер од 1.000 денари, што можете да го искористите и да одиграте тикети во сите уплатни места на обложувалницата. Дури и да промашите два пара, наградата е убава, ви носи ваучер од 500 денари во Sport Life.

При прогнозирањето треба да се внимава и на двете резервни двојки. Во ова коло тоа се дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем и Мец со Стразбур. Секој погодок е важен и носи поени во битката за нов шампион во Генерален пласман.

Трката и во третата сезона на бесплатната игра во организација на Sport Life и Спорт Манија е исклучително интересна со мала разлика од само 12 поени меѓу лидерот и водечката педесетка на табелата.

Најдобриот прогнозер во третата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди и многу поени за пазарување во СЛ маркетот ќе добијат и најдобрите пет учесници по завршувањето на овој циклус.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести