Tренерот на Баерн Минхен, Вeнсaн Компани, проговори за контроверзните одлуки на португалскиот судија Жоао Пињеиро за време на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
На средина од првото полувреме, не ги казнi pарижаните за играње со рака во два последователни моменти. Витиња се обиде да ја исчисти топката од шеснаесетникот, но топката ја удри раката на Жоао Невес, а потоа Нуно Мендес го блокираше трчањето на Конрад Лајмер со рака, но не доби втора опомена заедно со црвен картон.
„Зошто не е црвен картон? Не разбирам. Зошто имаше пенал во Париз за нив, а овде ние не добивме за истото? Ги знам правилата, раката беше над главата. Се чувствувавме како некој да ја превртел вагата против нас“, рече Компани.
Потоа Белгиецот ја анализираше и играта.
„Мислам дека всушност имавме добро прво полувреме. Единственото нешто што треба да се каже е дека ПСЖ се бранеше неверојатно добро против нафрлувањата. Парижаните беа многу активни, па дури и кога создадовме опасни ситуации, тие сепак не ни дозволија да ги имаме завршните допири“, вели Компани.

