Стојков очекува ефикасно коло – Добитната комбинација е трипати по Гол-Гол 3+, без победа на домаќините

 

3001 Специја – Беневенто (Сабота, 15 часот)

Ова ќе им биде втор дуел во Серија А, а Беневенто кој е во голема криза ќе се обиде да се реваншира за поразот на домашен терен од 0:3. Специја е во нешто подобра форма и игра солидна прва сезона во најсилното првенство во Италија.

И двете екипи се уште го немаат обезбедено опстанокот, па бодовите од овој меч се многу важни. Специја и Беневенто играа доста натпревари меѓусебе во Серија Б, најчесто беа ефикасни, па очекувам и денеска да се игра на победа од двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

3002 Удинезе – Сасуоло (Сабота, 18 часот)

Удинезе одигра неколку одлични натпревари во серија и е многу блиску да си го обезбеди опстанокот во Серија А. Особено позитивно за нив е ремито против Милан, во добра игра, кога можеа дури и да победат.

Сасуоло често ремизира и некако го загуби чекорот во битката за позиции што водат во европските купови. Имаат одличен состав што во последно време нема добри резултати против Удинезе.

Немаат победа против денешниот ривал на последните пет меча, но сепак ќе типувам дека денеска ќе ги однесат бодовите од Удине.

Предлог тип: 2 (3.05)

 

3006 Верона – Милан (Недела, 15 часот)

Милан нема да се откаже од Скудетото во Италија, иако реално шансите се се помали, по неколку неочекувани резултати и порази во последно време.

Во ритам ги врати триумфот против Рома, па сега и немаат многу избор, освен да се оди на победа и против Верона. Хендикеп ќе им биде отсуството на двајцата клучни играчи Ибрахимовиќ и Чалханоглу, не може да настапи и Манџукиќ, што само ќе ја отежни работата на останатите играчи на гостите да ги освојат бодовите.

Верона игра многу солидна сезона, нанижа четири меча без пораз и со подвиг и победа против Милан може да се надева и на пласман во Европа Лигата.

Двата последни дуели на Верона и Милан завршија нерешено, но сега очекувам да има победник, во меч со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

3007 Сампдорија – Калјари (Недела, 18 часот)

Сампдорија и Калјари немаат одиграно нершено на последните пет дуели, но сега типувам дека нема да има победник на Мараси во Џенова.

Домашниот тим е во серија од три меча без триумф, Калјари игра се подобро и може да освои значаен бод во битката за опстанок во Серија А.

За мене изненадување е лошиот пласман на тимот од Сардинија. Според квалитетот Калјари требаше да биде барем во средина на табелата. Сампдорија е безбедна на 10. место, а за Калјари ова е многу значаен меч, па очекувам да си замине непоразен од Џенова.

Предлог тип: Х (3.25)

 

3009 Наполи – Болоња (Недела, 20.45 часот)

Наполи не смее веќе да губи бодови, но не игра добро, а и атмосферата во тимот не е добра. Гатузо постојано е на отстрел кај медиумите во Италија и се најавува сигурна смена, што само долева масло на оганот што тлее во Неапол.

Домаќините ќе мора да играат на победа за да останат конкуренти за настап во Лигата на шампионите. Тоа може да биде шанса за Бароу, Сансоне и Соријано пред се, да се закануваат со контранапади.

Одбраната на Наполи, која требаше да биде една од најдобрите во Серија А не е на нивото, иако примија само 28 гола. Болоња е во солидна позиција и нема да има голем притисок во меч во кој се аутсајдери и очекувам барем еднаш да ја затресат мрежата на домаќините.

Предлог тип: ГГ3+ (2.17)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести