3154 Спартак Варна – Добруџа (19 ч.)
Дуел на две екипи кои се во зоната за испаѓање, но со освојување три бода, нивната шанса да се спасат се зголемува. Спартак Варна освои само 16 бода на свој терен во 16 дуели и е со втор најлош скор. Сепак, сега против себе ја имаат Добруџа, која на гости сезонава во 16 средби има дури 14 порази и само две нерешени.
Во двата меча кои сезонава ги одиграа овие две екипи, Спартак дома славеше со 1:0, а Добруџа пред своите навивачи победи со 2:0. Според стилот на игра, многу веројатно е дека и сега еден потег може да биде решавачки.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.11)
1582 Пафос – Омонија Никозија (18 ч.)
Пафос има разочарувачка сезона на Кипар и заостанува дури 22 бода зад Омонија, која се радува на шампионскиот трофеј. Ова е дуел на двете најефикасни екипи. Омонија во просек дава над два гола, а Пафос е малку понеефикасен.
Омонија ги доби последните четири меча против Пафос, на шест од последните осум меѓусебни дуели двата тима постигнувале погодок. На шест од последните седум меча било со 3+ погодоци и фактот дека овој меч не решава премногу е само дополнителен показател дека можеби треба да се очекува отворена игра без многу калкулации.
Предлог тип: ГГ3+ (1.91)
3625 Гагра – Динамо Батуми (19 ч.)
По првите 10 кола овие две екипи се на дното. Динамо е последен со само осум бода, а Гагра има 10 и двете имаат само по една победа. Гагра дома е со две ремија и три порази, а Динамо на гости е со три нерешени и два порази без победа.
Традицијата кога играат овие два тима вели дека на последните седум меѓусебни дуели секогаш двата тима постигнувале погодок. Двата тима имаат по две победи, а три средби завршиле нерешено во овој период.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
1936 Макаби Хаифа – Хапоел Бер Шева (19 ч.)
Хапоел Бер Шева е во борба за титула и евентуални три бода може да значат да гиоднесат на првото место на табелата. Макаби Хаифа е на сигурното четврто место и речиси сигурно таму ќе заврши на крајот.
Ако се погледнат последните седум средби на овие ривали, Хапоел Бер Шева има пет победи и две ремија, а и сега многу повеќе ќе им значи триумфот.
Предлог тип: 2&2-4 (2.60)
6001 Баерн Минхен – ПСЖ (21 ч.)
На 12 од последните 16 меча што ги одигра Баерн Минхен имало пет или повеќе голови. Тоа е повеќе од доволна најава дека против ПСЖ треба да биде вистинско голгетерско шоу. Првиот меч во Париз беше спектакуларен и ПСЖ славеше со 5:4.
Овие две екипи ги имаат најверојатно најсилните напади, па јасно е дека головите не смее да изостанат.
Предлог тип: 2+I&4+ (1.83)

