Квоти на денот во формат на Лига на шампиони, фаворити се Баерн, Ливерпул и Реал (Фото)

Квотите на денот денеска имаат формат на Лигата на шампионите, а изборот е на три екипи кои настапуваат во луксузната европска лига, овојпат против ривали од домашните првенства.

Баерн Минхен ќе се обиде да ги залечи раните од поразот со ПСЖ, против Унион Берлин, а предлог типот во Квоти на денот е да одиграте 1&3+ со убав коефициент од 2.20.

Баварците никогаш не загубиле од тимот од главниот град, а им треба убава победа како потстрек за реваншот со ПСЖ на 13. април во Париз.

Ливерпул исто така има тежок реванш во ЛШ, против Реал Мадрид, дома и со негатива од 1:3, но мора да мисли и на Премиерлигата. Црвените од „Енфилд роуд“ немаат избор освен победа, бидејќи се надвор од зоната за излез во Европа.

Предлог типот во Квоти на денот е да се одигра единица, комбинирано со најмалку еден гол во првото полувреме, или 1&1+ п.п. за коефициент 2.10.

Секако денеска во сите прогнози не се пропушта „Ел Класико“, односно вечното шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е во топ-форма со 12 меча без пораз, 10 од нив победи, па иако го чека жежок реванш во Англија, против Ливерпул, нема да загуби од Барса, во меч со голови на двете страни.

Типот 1Х&ГГ вреди 2.55 во Sport Life. Сите три пара од Квоти на денот имаат вкупен коефициент од 11,8 и може да се одиграат на ист тикет.

Секако на вас е да одберете и во која комбинација ќе ги одиграте трите натпревари, непречено со сите останати игри што ги нуди Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести