5612 Ал Шабаб – Ал Наср (20.00 часот)
Ал-Наср мора да победи ако сака да остане лидер на табелата и тоа е предизвик за Кристијано Роналдо и другарите во ова градско дерби во Ријад. Останаа уште три кола до крајот, а Ал-Наср има само два бода повеќе од вториот и сезонава непоразен Ал-Хилал. Ал-Шабаб е тим со дури 11 ремија сезонава, а Ал-Наср е спротивност, само еднаш во 31 коло игра нерешено. Во јануари, кога Ал-Наср беше домаќин, го победи Ал-Шабаб со 3-2 и ова најавува неизвесен меч. Роналдо тогаш не даде гол, сега би се извадил ако погоди и неговиот тим победи.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.14)
6021 Астон вила – Нотингам ф. (21.00 часот)
Овој англиски дуел е како финале пред финалето во Лигата на Европа. Форест го доби првиот меч со 1-0, но тоа не гарантира ништо. Адут на Астон вила е тренерот Унаи Емери, кој е мајстор за нокаут-пресметки. Предност на гостите е мотивот, ако победат, ќе имаат шанса да се пласирааат во Лигата на шампионите, што би било супер вест за нив по разочарувачкиот пласман во Премиер лигата. Вила веројатно секако ќе игра во ЛШ преку пласман на некое од првите пет места во Премиер лигата. Последниот пораз на Нотингам во сите натпреварувања беше на 12 март, а во јануари на „Вила парк“ загуби со 1-3.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
6022 Фрајбург – Брага (21.00 часот)
Брага со гол во 92-рата минута го победи Фрајбург со 2-1 на првиот дуел. Овој меч ќе се следи со големо внимание во Германија поради битката со Шпанија за петти претставник во Лигата на шампионите. Победа на Фрајбург ги зголемува шансите Бундеслигата да има дури и шест тима во ЛШ. Португалскиот тим има голем број повредени и тоа може да биде проблем, но како клуб имаат поголемо искуство од играње во Европа од Фрајбур,г што знаело да биде пресудно во минатото во вакви нокаут-битки.
Предлог тип: 1+I & 1+II (1.78)
6045 Кристал палас – Шахтар (21.00 часот)
Англичаните на првиот меч од полуфиналето во Конференциската лига победија со 3-1 и покажаа дека се подобар тим од Шахтар, но тоа треба да се потврди во вечерашните 90 минути во Лондон. Палас викендов беше убедливо поразен во премиерлигашки меч со Борнмут и мислите им се целосно кон овој меч. Шахтар пак славеше во големото дерби со Динамо Киев и полни со самодоверба влегуваат во клинч. Кристал палас речиси три месеци нема пораз на свој терен.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.35)
6848 Стразбур – Рајо Ваљекано (21.00 часот)
Малиот Рајо остана да ја брани честа на шпанскиот клупски фудбал во Европа и е надежта на Шпанија дека може до петти тим во ЛШ наредната сезона. Рајо ги совлада Французите со 1-0 на првиот меч, во подобра форма е периодов од Стразбур, кој има четири порази на последните пет официјални натпревари. Притисокот е врз Стразбур, кој дома има три порази по ред, а мора да победи ако сака финале во Конференциската лига.
Предлог тип: Х било кога (1.82)

