Како мотивација за соиграчите – Левандовски почна да тренира, ќе игра во финишот на сезоната

Роберт Левандовски првпат тренираше денеска по паузата од две недели поради повредата на коленото. Предвидено е најдобриот играч на светот за ланската сезона да отсуствува од натпреварите уште две седмици, но веројатно ќе биде подготвен за финишот на сезоната во Бундеслигата и ако Баерн го елиминира ПСЖ, и за настапи во Лигата на шампионите.

Шпицот на Баварците се повреди на дуелот меѓу Полска и Андора во квалификациите за Мундијалот и досега веќе пропушти три натпревари на Баерн.

Не играше на првиот четвртфинален меч против Пари Сен Жермен, што Баерн го загуби дома со 2:3, а нема да игра ниту утре на реваншот во Париз, за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести