Трагичарот на Англија даде ветување што треба да ги израдува навивачите

Букајо Сака само на 19 години ја почувствува целата суровост на фудбалот. Тинејџерот беше последен пенал-изведувач за Англија во финалето на Европското првенство, но неговиот удар го одбрани Џиџи Донарума и Англија не успеа да стигне до златото на континенталниот собир.

Сака не беше единствен кој промаши од белата точка, претходно непрецизни беа и Рашфорд и Санчо, но пеналот на Сака можеше да ја задржи Англија во игра за трофејот. По неколку дена, Сака реши да се обрати до јавноста, од која доби многу негативни критики, па дури и расистички навреди.

„Немам зборови со кои ќе можам да објаснам колку многу сум разочаран од конечниот резултат, но и од тоа како го шутнав пеналот. Верував дека ќе победиме за сите наши навивачи. Жал ми е што фудбалот оваа година нема да се врати дома, но ветувам дека ќе се потрудиме оваа генерација да го почувствува вкусот на победата. Многу патев, се чувствував како да ја уништив цела англиска нација. Сепак, негативните емоции нема да ме скршат“, порача Сака, кој додаде дека никој не смее да навредува на расна основа и верува дека на крајот љубовта ќе победи.

- Оглас -

Најнови вести