Последна шанса за Работнички и Македонија Ѓорче Петров

Денеска ќе се комплетира 31-вото коло во Првата македонска фудбалска лига, по што некои работи може да станат појасни во борбата за опстанок. После овие мечеви ќе останат само уште две кола до крајот на сезоната.

Арсими го пречекува Башкими во ситуација кога двата тима се надвор од зоната на испаѓање или играње бараж за опстанок. Можеби и реми ќе им одговара на двата тима, а ако има победник, тој и следната сезона ќе биде прволигаш.

Македонија Ѓорче Петров мора да го победи Тиквеш ако сака да ги задржи шансите за избегнување на директно испаѓање во втора лига. Квотите во Sport Life се изедначени и за кец и за двојка. Кавадарчани го имаат опстанокот во џеб, им треба бод за дефинитивно да успеат во тоа, додека на Лавовите им треба трета победа по ред за да продолжат да се надеваат дека нема да испаднат директно. Победа на Македонија ЃП ќе ги доближи на минус три бода во однос на Пелистер.

Победата е императив и за Работнички кој е претпоследен на табелата, само три бода ги оставаат во игра за опстанок во прволигашкото друштво, но гостуваат кај Брера Струмица која истотака има мотиви. Струмичани ќе пробаат да избегнат бараж за опстанок и да осигураат опстанок без да играат дополнителен меч, но за тоа ќе им треба победа над Работнички.

- Оглас -

Најнови вести