Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, смета дека е апсурдно што победиле против Лече само со 1-0, но не може да смени 18 од 25-те играчи во составот како што сугерираат некои медиуми во Италија. Јуве победи со гол на Влаховиќ во 12-та секунда, а потоа му беа поништени два гола.
„Имате доминантни моменти, каде што се чини дека мечот е под контрола, потоа има моменти каде што ја губите смиреноста и правите неверојатни грешки за нивото на фудбал што го играме. Не можете да ја одржите концентрацијата, решителноста и карактерот, се појавува страв и натпреварот завршува неизвесен. Натпревар како овој не може да заврши 1-0, апсурдно е“, рече Спалети.
Потоа Спалети се врати на темата за трансфер пазарот и иднината на Јуве
„Од моја страна и од страна на клубот, треба да се знае дека многумина ќе останат, дури и ако е очигледно дека ни требаат нови играчи. Но, не може да смениме 18 играчи од 25-те. Имаме пример и со Влаховиќ. Со него сосема е поинаква приказната, бидејќи тој има различни карактеристики од другите напаѓачи. Верувам дека директорите ќе го задржат во клубот“, вели Спалети.

