Ѓоковиќ и Куртоа слават, нивниот Ле Ман влезе во француската Лига 1

Фудбалскиот клуб Ле Ман после 16 години пауза и мачење во одредени периоди кога немаа пари и испаднаа и во трета лига, застана на нозе и повторно ќе биде дел од прволигашкото француско друштво.

Ле Ман синоќа гостуваше кај Бастија и во финишот водеше со 2-0 кога фановите на тимот од Корзика го прекинаа мечот со фрлање на пиротехника на теренот. Извесно е дека Ле Ман ќе добие службена победа, затоа и синоќа се славеше пласманот во првата лига.

Славеа и играчите и фановите, а причина за задоволство имаат и Тибо Куртоа, Новак Ѓоковиќ и Фелипе Маса како дел од акционерите и сопственици во клубот.

- Оглас -

Најнови вести