Ливерпул и Лил ќе победат, Јуве, Валенсија и Кристал Палас да не загубат е добитната формула со квота 16

1003 Кристал Палас – Астон Вила (Англија, Премиерлига, 16 часот)

Кристал Палас има две одлични серии и ќе се обиде да ги продолжи против екипа што трипати по ред ја победуваше дома.

Избраниците на Патрик Вијера се непоразени во Премиерлигата на последните 7 меча, а на домашен терен сезонава немаат ниту еден неуспех на шест меча. Вкупно серијата на „Селхрст парк“ има трае од мај годинава, кога Арсенал ги освои бодовите.

Астон Вила има подобар вкупен скор од Палас со 20 победи, наспроти 13 порази во доегашните 47 меѓусебни дуели, но е аутсајдер.

Во минатото коло тимот од Бирмингем ја сопре серијата од пет порази по ред, успеаа да го победат Брајтон, но Кристал Палас е во подобра форма од нив и има тим што може да ги победи.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.77)

 

1002 Ливерпул – Саутемптон (Англија, Премиерлига, 16 часот)

Ливерпул со само еден пораз во 12 кола останува во трката за титулата во Премиерлигата, а тимот на убедлив начин веќе го освои првото место во својата група во Лигата на шампионите и оддамна се пласира во нокаут фазата.

Можеби напорното темпо ќе стане проблем за Ливерпул, но играчкиот кадар им е извонреден и Јирген Клоп засега нема посериозни проблеми.

Денеска гостин им е екипа што редовно ја победуваат во последно време.

Саутемптон последен пат се радувал на бодовите на „Енфилд роуд“ пред 8 години.

Ливерпул е во одличен ритам, Мане, Салах и Жота можат да го покријат отсуството на Фирмино, а домаќините само ќе си го поправат билансот од 12:0 во голови што им е актуелен на последните четири меча против Саутемптон на „Енфилд роуд“.

Предлог тип: 1 (1.32)

 

1303 Валенсија – Рајо Валјекано (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Валенсија е нерешлива енигма за Рајо Валјекано кога се игра на „Месталја“ и гостите немаат победа на култниот стадион од 2012 година.

Но, сезонава екипата за која брани нашиот репрезентативец Столе Димитриевски игра одлично во Ла Лига и е хит во шпанското првенство.

Дел од заслугите одат и на сметка на Димитриевски, кој брани импресивно, а ќе треба да биде на високо ниво и денеска за да се прегрми незгодното гостување за Рајо Валјекано.

Валенсија е во криза, па со оглед на реномето на клубот десеттата позиција во Ла Лига на која се моментно е неуспех.

Домаќините се во предност, на „Месталја“ како и секогаш и сезонава тешко се победува, па за Рајо и реми би бил успех.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.75)

 

1702 Лил – Нант (Франција, Лига 1, 17 часот)

Лил го победи Салцбург во Лигата на шампионите и ја има пол-позицијата пред стартот на последното коло за пласман во нокаут фазата, но шампионот на Франција страда во домашното првенство.

Титулата е веќе загубена, бидејќи ПСЖ има цели 20 бода предност по само 14 кола, а Лил е далеку и од местата што водат во ЛШ.

Првакот е во лоша серија од пет меча без триумф во Лига 1, а ако е нешто добро за нив, денеска им доаѓа ривал кој редовно го победуваат на свој терен.

Нант има шест порази по ред на „Пјер Моро“ со само два постигнати гола и ќе типуваме дека ќе го доживее и седмиот неуспех по ред.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

3004 Јувентус – Аталанта (Италија, Серија А, 18 часот)

Јувентус во еден период апсолутно доминираше во дуелите со Аталанта и од 2010 до 2017 година имаше серија од 13-0 во победи.

Потоа почна подемот на Ла Деа, но Старата Дама успева да се справи со апсолутниот хит во Италија во последните 4-5 години.

Дуелите меѓу двете екипи станаа исклучително интересни, а има и многу голови, па и денеска не би требало да биде исклучок на дербито во 14. коло во Серија А.

Гостите имаат три стандардни играчи што се многу важни за тимот, а нема да играат во Торино.

Госенс, Хатебур и Запакоста, кој се повреди на мечот од ЛШ со Јанг Бојс ќе бидат отсутни денеска, па предност има Јувентус.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35) Квоти на денот на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести