Хари Кејн имаше фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, а се очекува истиот ритам да го продолжи и во репрезентативниот дрес на Англија. Според Кејн, ова е најголема шанса Англија да го освои најпосакуваниот трофеј, на кој Англичаните се имаат радувано само еднаш, и тоа во 1966 година.
За Кејн ова е трето Светско првенство, но сега е во животна форма, па затоа и оптимизмот му е на највисоко ниво.
„Во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков претходно“, рече Кејн.
Капитенот на Англија постојано постигнува голови на највисоко ниво и го прави како тоа да е најлесно на цел свет. Неговиот неодамнешен гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд минатата сабота постави нова историска пресвртница. Тој е најдобар стрелец на Англија на сите времиња и сега има 79 гола. Што се однесува до сезоната која неодамна заврши, Кејн застана на бројката од 67 погодоци во дресот на Баерн и англиската репрезентација.
„Веројатно би рекол дека со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство“, потенцира Кејн.
Англија има уште еден пријателски натпревар против Костарика пред да го насочи целосно вниманието кон првите натпревари од Групата Л на Мундијалот. Кејн и неговите соиграчи во првото коло ќе играат против Хрватска на 17 јуни, по што ќе следуваат пријателски натпревари против Гана на 23 јуни и Панама на 27 јуни. Доколку ја задржи својата сензационална форма, националниот тим има реални шанси да испише историја.

