Бенфика и официјално го потврди заминувањето на Жозе Мурињо од клубот. Во испратеното соопштение од клубот се наведува дека Реал Мадрид е подготвен да ја исплати тренеската оштета во клаузулата која изнесува 15 милиони евра.
Мурињо на клупата на Бенфика остана само 45 меча, во кои забележа 27 победи, имаше 10 нерешени резултати и осум порази. Португалскиот стратег во новата сезона ќе има голем предизвик, а тоа е да го врати Реал Мадрид на победнички патеки по сезоната во која не освои ниту еден трофеј.
Мурињо доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ како исполнување на ветувањето на претседателот Флорентино Перес, кој изминатиов викенд повторно ја доби довербата на изборите да биде прв човек на клубот. Мурињо веќе пристигна во Мадрид и започна со работа и создавање на тимот.
Договорот меѓу Мурињо и Реал Мадрид е на три сезони.

