Ѕвездата на Галатасарај, Омар Елабделауи, имаше емотивно враќање на фудбалскиот терен. На новогодишната ноќ во 2020 година, Елабделауи поради тоа што сакаше да пушти огномет, доби тешко оштетување на видот.
Лекарите тогаш му соопштија на Омар дека тоа е крај на неговата фудбалска кариера и дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал. Сепак, Елабделауи беше упорен и по 11 операции и 423 дена пауза, вчера повторно го облече дресот на Галатасарај.
Десниот бек го одигра целиот меч на гостувањето кај Ѓозтепе, кој имаше драматичен финиш. Вкупно беа досудени четири пенали, а Галатасарај победи благодарение на погодокот од белата точка во 99-тата минута.
По завршување на мечот, Елабделауи ги тргна наочарите и му потекоа солзи од среќа.
„Поминав низ многу тежок период. Тоа беше многу тешка повреда, но успеав да се вратам на теренот и да го правам тоа што најдобро го знам. По вторпат го остварив мојот сон“, рече среќниот фудбалер.
🟡🔴Omar Elabdellaoui lost his vision when a firework exploded in his face on New Year’s Eve 2020.
🗓423 days after his last appearance,Omar made his comeback as Galatasaray beat Goztepe 3-2 to keep their chances of avoiding relegation.#GÖZvGS|#GOEZvGS pic.twitter.com/P1YXTXcse1
— #ChampionsLeague (@alimo_philip) February 21, 2022