Какво лудило во Измир, четири пенали, се играа 103 минути, победа на Галатасарај во 99-тата

Ѓозтепе и Галатасарај одиграа неверојатен натпревар од турската Суперлига, а на крајот, гостите од Истанбул победија со 3-2 и сега се на шест бода над зоната на испаѓање. Од петте гола на мечот, четири беа постигнати од пенал.

Вистински хаос беше во судиското продолжение кое траеше дури 13 минути. При резултат 2-2 (Галатасарај изедначи во 85-та од пенал), беше покажан пенал за Галата, но по прегледување на снимката, судијата сепак ја промени одлуката.

Но, неколку минути подоцна, сепак имаше пенал, овојпат ВАР потврди дека треба да има најстрога казна, а во 99-тата минута, Бафетимби Гоми погоди за 3-2.

Адис Јаховиќ, кој паузираше извесно време, се врати на теренот, влезе при водство на неговиот Ѓозтепе од 2-1 во 72-рата минута, но, за негова жал, противникот извлече победа. За Ѓозтепе ова е трети пораз по ред и има само еден бод над опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести