Хрватите ќе се чудат кога ќе разберат што им е планот на Јапонците

Репрезентацијата на Јапонија е најпријатното изненадување на досегашниот дел од Светското првенство. Во групната фаза, Јапонија ги победи некогашните светски прваци Германија (2:1) и Шпанија (2:1), а единствено киксираше од Костарика кога загуби со 0:1.

Сега пред Јапонија е нов европски предизвик. Во осминафиналето за противник го имаат актуелниот светски вицепрвак, селекцијата на Хрватска. Јапонците веруваат дека имаат сили за уште изненадувања.

„Верувавме дека можеме да ја поминеме групата и успеавме во тоа. На сите им реков дека нашата цел е да го освоиме Светското првенство. Не се шегувам кога го кажувам тоа, таа е нашата цел. Мислам дека сега сите веруваме во тоа. Секој нареден ривал против кој треба да играме е силен и затоа мора да бидеме подготвени“, вели јапонскиот репрезентативец Ритсу Доан, кој настапува за Фрајбург во Германија.

- Оглас -

Најнови вести