Папата Лав 14 утрово слета во Мадрид и ќе биде во шестдневна посета на Шпанија, ќе држи миса на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а за време на летот додека беше опкружен со шпански новинари, го прашаа дали навива за Реал Мадрид или Барселона.
Одговорот на поглаварот на Римокатоличката црква беше интересен.
„Тоа е лесно. Папата е фан на сите тимови. А, Роберт Превост е за Реал Мадрид“, рече тој смеејќи се.
Вистинското име на Папата е Роберт Превост.

