Италијанскиот Клоп е нов тренер на Бешикташ

Турски Бешикташ официјално објави дека нов тренер им е Винченцо Италијано. Овој стручњак седеше на клупата на Болоња во претходните две сезони, водејќи го тимот и во Лигата на шампионите.

„Италијаскиот Клоп“ како што некои го нарекувааат Италијано, во истанбулските Орли ќе зема плата со која ќе биде трети најплатен италијански тренер во светот, по Карло Анчелоти кој е селектор на Бразил и Симоне Инѕаги кој го води саудиски Ал-Хилал.

Договорот на Италијано со Турците е до крајот на 2027/2028. Во претстојата сезона цели ќе му бидат влез во групите од Лига Европа и што подалеку да стигне во тоа натпреварување, како и да ги загрози градските ривали Галатасарај и Фенербахче во трката за титулата во Турција. Изминатава сезона, Бешикташ заврши со 17 бодови помалку од првакот Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести