Фудбалерот кој заработува 120.000 фунти неделно шокираше со начинот на загревање (Видео)

Во последниот ден од 2022 година беше забележан еден необичен потег од фудбалерот на Евертон, Абдулаје Дукуре. Играчот кој неделно заработува 120.000 фунти, пред мечот со Манчестер сити, реши „загревањето“ да го одработи со седење на топка.

Додека сите фудбалери на двата тима 10-15 минути трчаа на теренот и се загреваа пред почетокот на дуелот, Дукуре реши да „дреме“ седејќи на топката и тоа во текот на целиот период од загревањето.

Навивачите на Евертон беа лути поради ваквото однесување на фудбалерот кој Карамелите во 2020 година го платија 25 милиони евра за да дојде од Ватфорд. Иако на загревањето не правеше ништо, Дукуре доби шанса во дуелот против Манчестер сити и во игра влезе во 90+2 минута, одигрувајќи ги последните неколку минути во ремито 1:1.

- Оглас -

Најнови вести