Тотенхем мора да продолжи да победува и без Кејн

Големите екипи победуваат и кога се на мака, вели Панче Ќумбев и очекува нов триумф на Тотенхем, екипа која игра без главните ѕвезди Хари Кејн и Деле Али. Тие се отсутни поради повреди, а Тотенхем нема избор освен победа против Њукасл ако сака да продолжи да се надева на чудо и на титула во Премиер лигата.

Покрај тој дуел, Ќумбев стандардно подготви анализа и предлог-типови за уште четири натпревари од топ 5 лигите за овој викенд.

Тотенхем – Њукасл (сабота, 13.30 часот)   

Очекувам победа на домаќинот, иако гостинот направи големо изненадување минатото коло против првакот Манчестер сити. Тотенхем е поквалитетен тим. Повторно ќе недостасуваат Хари Кејн и Деле Али, но во битка за титула мора да се победува и во тешки ситуации. Прогнозирам триумф на домаќинот најмалку со два гола во мрежата на Њукасл.

Предлог тип: 1&Т 1 (1.77)

 

Херта – Волфсбург (сабота, 15.30 часот)

Два изедначени тима со еднаков број бодови, по 28, во Бундеслигата, но според мене, благ фаворит е домаќинот.Очекувам победа и прекин на серијата од три нерешени исходи на меѓусебните дуели на Херта и Волфсбург.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Наполи – Сампдорија (сабота, 18 часот)

Наполи не знае за пораз на свој терен. Иако им доаѓа оваа сезона многу добрата Сампдорија, очекувам победа на домашните најмалку со два постигнати гола. Треба да се сопре Фабио Квалјарела и да се постигнуваат голови во мрежата на гостите. Наполи има квалитет за победа, во меч со голови.

Предлог тип: 1&Т1 (1.57)

 

Вилјареал – Еспањол (недела, 12 часот)

Вилјареал едноставно мора да победи ако сака да опстане. Во многу тешка ситуација се,  но се надевам дека ќе ги освојат бодовите и ќе се тргнат малку од долниот дел на табелата. Според квалитетот на играчи, Вилјареал може да избори опстанок во Ла Лига, но мора да почне да победува, и тоа веќе на дуелот против Еспањол.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Сент Етјен – Стразбур (недела, 17 часот)

Интересен дуел на две екипи што се борат за четвртото место на табелата. Одлични се оваа сезона и едните и другите. Мала предност му давам на домаќинот поради одличните домашни навивачи и фанатичната атмосфера која ја создаваат.

Сент Етјен има само еден пораз дома и е меѓу најдобрите екипи во Лигата кога игра на свој терен. Стразбур, од друга страна, игра одлично како гостин, собра дури 16 бодови на 11 натпревари, но ќе загуби против Сент Етјен.

Предлог тип: 1 (1.96)

 

- Оглас -

Најнови вести