Лајпциг нема да го продаде Диоманде ако не добие понуда од 100 милиони евра

Талентираниот тинејџер Јан Диоманде продолжува да привлекува големо внимание во европскиот фудбал, откако одличната дебитантска сезона во Лајпциг го стави во фокусот на трансфер шпекулациите.


19-годишниот офанзивец има импресивни бројки, 12 голови и осум асистенции во Бундеслигата, а неговиот клуб моментално е трет на табелата и е на добар пат да обезбеди настап во Лигата на шампионите.


Поради неговиот метеорски развој, интерес за него покажуваат некои од најголемите европски клубови, меѓу кои Ливерпул и Манчестер јунајтед, но раководството на Лајпциг не размислува за негова продажба.


Претседателот на надзорниот одбор Оливер Минцлаф истакна дека Диоманде сè уште не го достигнал својот максимум и дека неговата вредност може да порасне и над 100 милиони евра ако остане во клубот и продолжи да игра во Лигата на шампионите.


Тој нагласи дека младиот напаѓач има договор до 2030 година и дека најдобрата опција за сите е негов понатамошен развој во Лајпциг, каде што има идеални услови за напредок и стекнување искуство на највисоко ниво.

- Оглас -

Најнови вести