Ајо Досунму од Минесота тимбервулфс е јунак на вечерта во НБА лигата, бидејќи како резерва даде 43 поени и го предводеше својот тим до победа над Денвер нагетс од 112-96 и сега резултатот е 3-1 во победи за Шумските волци на кои им треба уште една победа за место во западното полуфинале.
Овие 43 поени на Досунму се потврда дека тој е во феноменална форма, на претходниот меч уфрли 25 поени. Во последните 50 години, поефикасна партија од резервист на плејоф меч е видена само во 1976 кога Фред Браун дал 45 поени, а претходна 40-ка од резерва во плејоф се случи пред 10 години во изведба на Стеф Кари.
Џамал Мареј со 30 поени и Никола Јокиќ, кој беше блиску до трипл-дабл учинок со 24 поени, 15 скока и девет асистенции. беа најдобри кај Денвер. На 1,3 секунди до крајот Јокиќ беше исклучен, откако бурно реагираше по кошот на Џејден Мек Дениелс од Минесота кој реализираше положување иако победникот веќе беше решен и играчите се поздравуваа на другиот крај од теренот.
Њујорк никс изедначи на 2-2 против Атланта со гостинска победа од 114-98, а Карл Ентони Таунс имаше трипл-дабл од 30 поени и по 10 скока и асистенции.
Оклахома има 3-0 против Феникс, Тандер ги победија Санс со 121-109 и дојдоа на чекор од „метла“. Шај Гилџиус-Александер постигна 42 поени.
Интересно е во серијата помеѓу Орландо и Детроит каде најдобриот тим на Истокот од регуларната сезона губи со 1-2. Орланд победи со 113-105. Ова е само 13-ти пат од 1984 наваму откако плејофот се игра во ваков формат со 16 тима, тимот кој бил осми носител, да води 2-1 против првиот, а пет пати првиот бил елиминиран.

