Нешто повеќе од два дена има до крајот на летниот преоден рок во Европа, а тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ја загреа атмосферата. Францускиот стратег не ја исклучи можноста, Кралскиот клуб да доведе уште некоја ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“.
„До 2 септември може да се случат многу работи. Сега треба да се фокусираме на следниот меч, тој е најважен за нас. Горд сум на играчите со кои располагам. Тие се за мене најдобрите. Ќе видиме како ќе биде до крајот на преодниот рок. Може да има една-две трансфер бомби. Ќе видиме што ќе биде“, рече Зидан пред утрешното гостување на Реал Мадрид кај Вилјареал.