Елиф Елмас се повреди на тренинг во Рига и е неизвесен за настап против Летонија, утре од 20.45 часот. На тренинг нашиот најмлад репрезентативец го повреди скочниот зглоб во дуел со голманот Дејан Илиев и веднаш замина на дополнителен преглед за да се утврди тежината на повредата.
Од македонскиот табор се надеваат дека повредата не е сериозна и дека Елиф ќе може да игра утре против Летонците.
Проблем со повреда има и капитенот Горан Пандев, го мачи хематом на слабината, иако стисна заби и одигра како резерва во финишот на мечот со Израел пред три дена.