Цела фудбалска Србија гневна по скандалот кој се случи денес во дуелот меѓу Црвена ѕвезда и Инџија во шампионатот на нашиот северен сосед. Актуелните шампиони славеа со 2-1 на тешки маки, откако во финишот на мечот во нивна корист беа досудени два пенали кои ги реализира Милан Павков.
Лавината од негативни коментари на социјалните мрежи резултираа по првиот досуден пенал. Фаулот кој го направи гостинскиот играч јасно се гледа дека е најмалку еден метар пред линијата од шестнаесетникот, додека Вукановиќ падна во казнената зона. Судијата без колебање покажа кон белата точка иако беше во непосредна близина и виде каде беше направен стартот.
Тоа не ги смени нештата, Ѕвезда израмни на 1-1, а веќе во следниот напад следуваше нова казна за тимот на Инџија, па Павков ги остави трите бода на „Рајко Митиќ“.
Another not so glorious moment in the Linglong Superliga as FK Indjija is robbed of at least a well deserved draw thanks to this penalty call vs Crvena zvezda. pic.twitter.com/IymTC13DIa
— Serbian Football (@SerbianFooty) September 14, 2019