Колку црвени картони за Селта, толку голови за Гранада

Гранада профитираше од агресивниот тим на Селта Виго и славеше со 2-0 на гостувањето на „Балаидос“ во рамки од четвртото коло во Ла Лига. Гостите од Каталонија дојдоа да се надигруваат, а кога им се покажа прилика да го освојат цел плен, го сторија тоа без размислување.

Домаќините веќе по 11 минути останаа со играч помалку по директно заработениот картон на Хорхе, а проблемите за Селта станаа уште поголеми откако главниот арбитар го исклучи и Белтран по половина час игра. Долго траеше судиското надополнување во првото полувреме, па во шестата минута Санчес ја донесе предноста за Гранада, а потоа Ерера во 54-тата минута им ја запечати судбината на домаќините со фантастичен погодок од околу 20 метри.

Гранада нанижа две победи по ред и со седум бода ќе престои на шестото место на табелата, додека Селта вторпат сезонава ги разочара домашните навивачи, а овој пораз ги смести на 15-тото место.

Претходно Севилја минимално славеше на гости кај Алавес со мајсторски изведениот слободен удар на Хордан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести