28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Полските ВАР судии кои се избламираа во Шведска се суспендирани до крајот на сезонава (Видео)

Полските ВАР судии, Даниел Стефански и Павел Малец, се суспендирани до крајот на тековнава сезона и нема да можат да судат натпревари ниту на домашна, ниту на меѓународна сцена. Ваква одлука донесе комисијата на УЕФА која ја разгледуваше нивната грешка на мечот од Лигата на нации помеѓу Шведска и Азербејџан.

Главниот судија, Павел Рачковски, се спаси од казна, откако најпрво го призна голот на Александер Исак, а потоа по сигнализација на ВАР судиите го поништи голот поради офсајд.

Грешката на судиите беше очигледна и без да се гледа ВАР, но останува нејасно што гледаа полските судии во ВАР собата на мечот кој Шведска на крајот го доби со 6-0.

- Оглас -

Најнови вести