Касилјас со уникатен предлог за тоа кој треба да ја добие Златната топка

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас даде интересен предлог за воведување реформи во системот при доделување на престижната награда Златна топка. Наградата за најдобар фудбалер во светот предизвика многу дилеми и дискусии за тоа како треба да се одлучи кој е најдобар.

Актуелен освојувач на Златната топка е Лука Модриќ, кој лани стави крај на 10-годишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Пред Модриќ да ја освои наградата, Меси и Роналдо „си поделија“ по пет вакви признанија.

„Сложен е процесот за одлучување околу тоа кој е најдобриот фудбалер во светот. Точно е дека Ван Дајк е најдобар дефанзивец во светот, но дали тој треба да ја добие наградата. Мислам дека не треба да се дава една Златна топка, туку да има по една златна топка за најдобар голман, најдобар дефанзивец, најдобар во средниот ред и најдобар напаѓач“, коментира Касилјас, кој минатата сезона ја заврши кариерата во Порто откако доби мозочен удар за време на еден тренинг.

Во конкуренција за Златната топка во Топ 3 се Ван Дајк, Меси и Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести