За првпат во историјата – Златна топка за голмани

Познатиот француски магазин „Франс фудбал“ за оваа година воведува нова награда со која ќе се одредува најдобриот голман во светот. Покрај Златната топка, како и за најдобар млад играч и најдобра фудбалерка, ќе се гласа и за најдобрите светски чувари, а наградата ќе го носи името на единствениот голман кој ја освоил најпрестижната индивидуална награда, Лав Јашин. Руската икона на Динамо Москва ја освои Златната топка во далечната 1963 година.

Номинациите за 64-тото издание на Златната топка ќе бидат обелоденети на 21 октомври, додека церемонијата е закажана за 2 декември и ќе се одржи во Париз.

https://twitter.com/francefootball/status/1174629779301163008

- Оглас -

Најнови вести