Мистериозното исчезнување на новинарот Кашоги го одложува спектаклот меѓу Новак и Рафа

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се под притисок да го откажат патувањето и настапот на егзибицискиот меч во Саудиска Арабија закажан за 22. декември.

Со спектакл во Џеда требаше да се спушти завесата за оваа тениска сезона, но сега е неизвесно дали двајцата најдобри тенисери во 2018 година воопшто ќе патуваат за Саудиска Арабија.

Причина за евентуалното одложување е исчезнувањето на познатиот новинар на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги пред конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Ако сепак одлучат да играат двајцата тенисери според информациите на британските медиуми ќе добијат по еден милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести