Баерн Минхен го продолжи победничкиот ритам и по гостувањето кај Падерборн, а и Роберт Левандовски продолжи да ги тресе мрежите. Полјакот е во извонредна голгетерска форма во воведниот дел од сезоната 2019/2020, денес го постигна 10-от погодок во Бундеслигата по шест меча.
Така Левандовски се запиша во историјата на германскиот фудбал како прв играч кој по толку натпревари има двоцифрен број на погодоци, а ако се земе во предвид дека досега постигна вкупно 12 гола во сите натпреварувања, бомбардерот на Баварците води во трката за Златната копачка во Европа.
Воедно, популарниот „Леванголски“ се оправда со фантастичен лоб за епското промашување на денешниот дуел во моменти кога резултатот беше 0-0. Полјакот промаши празен гол од непосредна близина