Селекторот на македонската репрезентација до 21 година Благоја Милевски го објави списокот со репрезентативци за натпреварите со Црна Гора (10 октомври) и Казахстан (15 октомври) од квалификациите за Европското првенство 2021 година.
„Ова се фудбалерите со кои ги отворивме квалификациите, списокот е тој, со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Сега имаме појасна слика за нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации. Со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место, а зошто да не и прво ако ни се укаже шанса. Противниците со коишто ќе се соочиме на претстојните натпревари се квалитетни, но сега мислиме само на Црна Гора, а потоа на Казахстан. Одиме чекор по чекор, тоа е нашата филозофија, одиме да ја победиме Црна Гора. Противникот е квалитетен, физички се силни, играат цврст фудбал, технички дотеран. Поголем дел од нивните фудбалери се од домашното првенство, кое од година во година е сè посилно. Но сме одиграле неколку пријателски натпревари со нив и знаеме што нè очекува. И покрај победата од 7:1 над Фарски Острови, цврсто стоиме на земја“, рече селекторот Милевски.