Се насмевнува баражот за СП 2026, Македонија со рекордно 441 минута без примен гол

Македонската фудбалска репрезентација дури 441 минута нема примено гол и тоа е нов рекорд во историјата на нашиот А тим.

На последните четири средби едноподруго Столе Димитриевски е несовладан, последен пат ја вадеше топката од мрежата во септември, кога гостувавме кај Фарски Острови, и тоа во деветтата минута од тој меч, кога Македонија прими гол од пенал. Од игра, Македонија нема примено гол сезонава во Лигата на нациите.

Првпат во историјата имаме и низа од четири победи по ред, сите без примен гол, и првпат ќе играме во Лига Б од Лигата на нациите, каде што има одлични репрезентации, досега бевме или во Лига Ц или во Лига Д.

Покрај тоа, ни се насмевнува баражот за Мундијалот во 2026 година. Во врска со ова работите не зависат само од нас, но Црвено-жолтите имаат реални шанси за такво нешто, особено ако ги победиме и Фарски Острови, по можност со што подобра гол-разлика.

- Оглас -

Најнови вести